Македонската кадетска репрезентација одигра нерешено, 20-20 против Шведска и освои бод кој носи големи шанси за пласман во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во нашата земја.
Беше динамично прво полувреме, Шведска по 10 минути имаше предност од 4:1 и 6:2 и македонскиот селектор Љубомир Савевски побара тајм аут. Ние промашивме премногу шутеви и направивме неколку грешки во тој период.
Но, успеавме да го контролираме притисокот и по 20 минути игра и 4:9 на семафорот направивме серија од 5:0 и дојдовме до водство од 10:9. Добрата игра во одбраната и врвниот напаѓач Ива Младеновска беа пресудни за овој пресврт. На паузата имавме позитива од „плус два“ (12:10).
Лошо го започнавме второто полувреме, немавме гол во првите 10 минути, а тоа го искоријата Швеѓанките за предност од 13:12, а по 45 минути имаше водство од 16:15. Вистинска драма се случуваше во финишот, на само 20 секунди до крајот Шведска постигна гол за 20:19. Но, Македонија успеа да реализиран гол во последниот напад и на крајот немаше победник. Младеновска беше најефикасна со пет голови, а голманката Јовановска блескаше со 11 одбрани и беше прогласена за ракометарка на натпреварот.