Видео во моментот кога започнало невремето во Грција
Најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, настрадале во силното невреме на грчкиот полуостров Халкидики.
На интернет се појавија многу снимки од бурата, најсилна во изминативе неколку години.
На едно видео се гледа како се започнало. Ветерот почнува да носи се пред себе, додека вработените од ресторанот се обидуваат да се засолнат.
После тоа снемува електрична енергија , а ветерот ги носи масите и столиците додека вработените и гостите немо набљудуваат.
Погледнете: