Тешка собраќајна несреќа се случила доцна синоќа во Тетово, блиску до зелениот пазар на градот.
Возило од типот “Пежо”, со тетовски регистарски таблички, од засега непознати причини се превртело, а се претпоставува дека причината за тоа е големата брзина. При тоа е повредено едно лице, кое итно било префрлено во Клиничката болница во Тетово, јавува ТетоваСот.
Командирот на пожарникарната единица во Тетово, Ука Алити, за истиот медиум потврди дека едно лице е повредено. На местото на настанот излегоа полициските и противпожарните единици.