Уапсен осуденик кој се барал со потерница

Осуденик кој се барал за издржување на казна затвор вчера бил уапсен во Тетово. Според полицијата, вчера околу 18.30 часот на улицата Маршал Тито во Тетово, полицијата го уапсила Б.Е.(42) од Тетово, по кого била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.

Тој бил предаден во КПУ„Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

 

Треба да знаете
Последни објави