Кошарката денеска загуби еден од најголемите асови на сите времиња.
Почина легендарниот Бил Расел, соопшти семејството на поранешниот НБА кошаркар и тренер.
Расел почина мирно на 88 години, а животот го посвети на кошарката во која ги достигна највисоките височини.
Тој беше двократен државен првак во средно училиште, двократен колеџ шампион на Америка, тој беше капитен на златниот олимписки тим на САД, па дури и 11-кратен шампион во НБА како играч. Сите тие титули ги освои како центар на Бостон Селтикс, кого исто така ги тренираше додека настапуваше за Селтикс во последните три, од вкупно 13 сезони.
Покрај тоа, тој беше првиот тренер со темна кожа на професионален спортски тим во Северна Америка, а блескаше и како стратег, освојувајќи две титули во НБА.
Колку беше одличен, можеби најдобро говори фактот што наградата за најкорисен играч во финалето на НБА се вика „Трофејот за МВП на Бил Расел“.
Расел пет пати беше избиран за МВП на лигата, 12 пати учествуваше на Ол-стар натпреварите, во четири наврати беше најдобар скокач на најсилната лига во светот, а Селтикс во негова чест го повлече дресот со број шест.