Шведски муслиман бил прогласен за виновен за физичка злоупотреба на својата сопруга и деца, но се обиде да ги оправда своите постапки со гладот поради рамазанскиот пост, пренесува шведското „Сверигес радио“.
Неидентификуваниот маж, кој живее во југозападната шведска провинција Далсленд, бил осуден на шест месеци затвор поради пет одделни точки за напад.
Човекот негираше дека е виновен, тврдејќи дека поради интензивниот глад по постот за време на исламскиот свет месец Рамазан не можел да ги контролира сопствените постапки.
Одбраната со рамазанскиот бес беше искористена од друг муслиман во Франција, како дел од случајот во кој тој бил обвинет дека минатата година до смрт ја тресел својата петгодишна ќерка. Францускиот муслиман рекол дека бил бесен поради плачењето на детето, па двапати го фрлил на хотелскиот кревет, по што детето отскокнало од креветот паднало на подот директно врз главата. Детето подоцна било однесено во болница со фрактура на черепот и починало.
Претходно годинава француските сопственици на бизниси во Монпелје побараа владата да им обезбеди дополнителна сигурност за нивните бизниси пред Рамазан, тврдејќи дека забележале зголемување на насилството за време на светиот месец во последните четири години.
„Рамазанскиот гнев” не е ограничен само на Европа. Во првите три недели од Рамазан оваа година, 20 земји забележале повеќе од 100 џихадистички напади во кои загинале 531 лице, а повредени биле 556 лица. Исламска држава и авганистанските талибанци учествувале со околу 30 отсто од вкупниот број смртни случаи во тринеделниот период.