Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва, 12 јули 2019 година, петок, ќе се обрати на свеченото отворање на 59-то издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето”, што ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот. На отворањето на фестивалот ќе настапи британската виолинистка Ванеса Меј, придружувана од оркестарот на Националната филхармонија и вокалните солисти од Националната опера и балет на Република Северна Македонија, а под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.
Манифестацијата „Охридско лето” се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.