Ливерпул го освои трофејот од Комјунити шилд, славејќи со 3-1 (1-0) во финалето против големиот ривал Манчестер сити.
Стрелец на водечкиот гол за „црвените“ беше Трент Александер-Арнолд уште во 21. минута од средбата.
Арнолд испрати убав шут од 20 метри, а Едерсон беше немоќен во обидот да ја запре топката.
Во второто полувреме, „граѓаните“ успеаја да израмнат со погодокот Алварез во 70. минута, но Салах од пенал во 83. минута донесе повторно предност за Ливерпул.
Конечните 3-1 ги постави новото засилување Дарвин Нуњез, кој влезе во второто полувреме, со погодок во четвртата минута од судиското продолжение, за запечатен прв трофеј за „црвените“ во новата сезона.
Новата ѕвезда во спротивниот табор, Норвежанецот Халанд беше стартер кај Сити, но бенаше свој ден и пропушти неколку шанси.