(Видео) Полицаец во САД застанал автомобил поради брзо возење и му го спасил животот на бебе старо 12 дена

Полицаецот Вил Кимбро минатиот месец запрел автомобил поради пребрзо возење, а не знаел дека со тоа ќе го спаси животот на бебе старо само 12 дена, објави Си-ен-ен.

Полициската станица од Јужна Каролина објави видео од целиот настан, кој се случил нa 11 јуни во округот Беркли. Настанот бил снимен од камерата поставена на униформите на полицајците во тој регион.

Кога полицаецот го запрел возилото, возачот излегол од автомобилот и му објаснил дека брзаат бидејќи нивното дете престанало да дише. Телото на бебето имало сина боја поради недостиг на кислород. Полицаецот веднаш реагирал и почнал да го масира срцето на бебето, пружајќи му прва помош.

„Ајде бебенце, заплачи за мене, заплачи за мене. Отвори очи, душо“ на видето може да се слушне како му вели полицаецот на бебето.

Кога бебето почнало да плаче, полицаецот ѝ рекол на мајката дека сега ќе биде се во ред.

„Мислам дека ќе биде во ред. Тоа дише“ ја охрабрил полицаецот мајката.

Бебето почнало само да дише, а на местото стигнала и брза помош. Бебето било однесено во локалната болница, но наскоро било пуштено поради добра здравствена состојба.

https://www.facebook.com/BerkCoSheriff/videos/472584546914772/?t=0

Треба да знаете
Последни објави