На 12.07.2019 околу 14,35 часот на локалниот пат Илинден-с.Ајватовци било пријавено дека патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од В. Д. (60), излетало од патот и удрило во бетонски ѕид. Возачот В.Д починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.