Скопјанка била тепана од својот поранешен љубовник, ноќеска во населбата Аеродром, информираше МВР.
-На 13.07.2019 во 00.55 часот 47-годишна жена од Скопје пријавила дека на булевар Јане Сандански во трговски центар била физички нападната од поранешниот љубовник Љ.Т (55) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.
Од полицијата информираат и дека ноќеска имало тепачка и во кафуле во Старата чаршија.
-На 13.07.2019 год. во 01.40 ч. Ф.М (25) од Скопје пријавил дека на пред угостителски објект во Стара чаршија бил физички нападнат од три лица, велат од полицијата која презема мерки за расчистување на случајот.