Полицијата вечерва го уапсила Озрен М.(35), иако утринава го пуштила да си оди без да му поднесе кривична пријава за ужасот што вчера го предизвика на наплатната рампа „Св. Хелена“ кај Загреб кога со своето „бмв“ буквално здроби „шкода“. Дел од медиумите информират дека момчето во вторникот се вратило од островот Раб, каде бил на лекување од зависност на дрогата ГХБ, позната и како дрога за силување.
Се чекаат дел од вешчењата, како што се резултатите од крвта и урината, иако алкотестот покажал 0 промили алкохол. Она што е сигурно е дека возел 150 километри на час без да е обиде да сопре кога удрил во „шкодата“, која сопирала пред автомобилот „ауди“ пред неа, двете возила од Унгарија.
Според очевидци, тој зборувал на мобилен телефон додека возел ,по фаталниот судир викал „курво, курво“ на соговорничката со која разговарал на мобилниот телефон.
Видеото од страшната несреќа во која се тешко повредени сопружници од Унгарија и нивниот малолетен син од „шкодата“ за кусо се појави на социјалните мрежи.
По силниот удар сите три автомобили завршиле во наплатната куќичка која била буквално поместена. Според информациите, сопругот е во индуцирана кома со повеќе повреди, а сопругата и синот се во стабилна сосојба.