Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, одлучи да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона. Фетел на почетокот на месецот го прослави својот 35-ти роденден и е еден од највозрасните возачи во Формула 1.
Тој во последните две сезони вози во Астон Мартин, а најдобар финиш во тој болид му беше второто место во Азербејџан минатата година. Сезонава има едно шесто, едно осмо и едно деветто место.
„Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука по 15 прекрасни години. Сакам да поминувам повеќе време со семејството и се уште не знам што ќе правам по оваа сезона“, изјави Фетел.
Во кариерата Фетел оствари 53 победи и 122 пати се искачи на подиумот. Од 2010 до 2014 година, тој освојуваше титули возејќи го Ред Бул. После тоа, тој помина шест години во Ферари, каде двапати беше светски вицешампион.
Повеќе шампионски титули од него имаат само Хуан Мануел Фанџо (5) и Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, кои имаат по седум титули.