Авион со 112 патници се излизга од пистата во Русија

Патнички авион со 112 патници и шест членови на екипажот се излизга од пистата на аеродромот во Саратов, соопшти локалната служба за вонредни ситуации, притоа додавајќи дека нема повредени во инцидентот.

Авионот летал од Сургут и се излизгал од пистата веднаш по слетувањето, соопшти „ТАСС“.

„Инцидентот се случи во 16.48 по московско време на аеродромот во Саратов. Во авионот имаше 112 патници и шест членови на екипажот. Никој не е повреден “, наведоа од локалната служба за вонредни ситуации.

Треба да знаете
Последни објави