Македонскиот тенисер Калин Ивановски го совлада Италијанецот Фаусто Табако на турнирот во Котинбрун во Австрија.
Со победа од 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-3) Ивановски се избори за осминафинале на турнирот во Австрија.
Следен противник на Ивановски е Андреа Гуериери од Италија.
Македонскиот тенисер на турнирот настапува и во двојки заедно со Адам Јурајда од Чешка.