Најнесреќниот маж на светот: Пајак два пати го гризна за пенисот на исто место!
Австралијанецот Џордан (21) пајак го гризна за пенисот. И како тоа не беше доволно лошо, зошто истата случка му се повтори.
Тој не сакаше да го открие своето презиме, но призна дека пајак го гризнал два пати на исто место исто како и првиот пред пет месеци, во ВЦ-то од градилиште во Сиднеј.
-Јас сум најнесреќниот човек на земјата, вели тој.
По драматичниот вовед, тој детално опиша што му се случи.
-Безгрижно си седев на шољата, вршев нужда кога одеднаш почувстував убод. Прво што си помислив, беше: зарем пак истото?! Погледнав долу и ги видов малечките ножиња како поминуваат преку работ на ВЦ шољата.
Вели дека пет месеци по првото каснување од пајак си рекол дека повеќе нема да користи мобилни ВЦа.
-Не се осмелував, но забележав дека овој го чистат секој ден. Си реков, ќе одам ова е уредно и чисто ВЦ, а само неколку минути потоа се превитукував од болка.
Колегите од работа веднаш притрчале напомош, но за разлика од првиот пат кога многу се испаничиле, сега патот кон болницата им бил поведар.
-Секако дека се мајтапеа со мене!
Тој излегол од болница и се очекува наскоро да се врати на работа. Меѓутоа мобилни тоалети повеќе нема да користи.
-Искрено повеќе нема да влезам таму, ниту под принуда со оружје. Ни животот да ми зависи од тоа!
За среќа противотровот од гризнувањето на пајак настанал пред 60 години, така што животот на Џордан никогаш не бил загрозен.