Во рамки на Скопско лето 2019 вечер во Куршумли ан ќе се одржи театарскиот интерактивен перформанс „Актер Човек”, а во Сули ан ќе биде прикажан италијанскиот филм „По стапките на мојот татко” во режија на Марко Сегато.
Автор и режисер на интерактивниот перформанс „Актер Човек” е Теа Беговска, а музиката е на Енес Беговски, а играат Никола Кузелов и Надица и Даријан Петрови.
Театарскиот перформанс „Актер – Човек” зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себеси, колку го сакам другиот до мене.
Во италијанскиот филм „По стапките на мојот татко” (2016) на режисерот Марко Сегато, настапуваат актерите Мирко Артузо, Лучија Маскино, Леонардо Масон… Филмот е добитник на италијанскиот Златен глобус за кинематографија, номинација за наградат „Давид ди Донатело” за најдобар млад режисер.