Силни врнежи од дожд и над 3.500 молњи донесе бурата „Адиноос” во Грција.
Системот „Зевс” на националната опсерваторија во Атина за регистрирање и лоцирање на молњите, во текот на вчерашниот ден, заклучно со 20 часот, регистрирал 3.699 молњи во цела Грција, од кои најголемиот дел биле во североисточниот и источниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Бурата „Адиноос” и во следните денови, до среда, ќе донесе нестабилно време со силни врнежи од дожд, силен ветер и молњи во цела Грција.