Хари Мегваер ќе помине во Манчестер Јунајтед за рекордни 89 милиони евра, пишуваат на Островот. 26-годишниот дефанзивец на Лестер денеска ќе помине лекарски прегледи, а потоа ќе го потпише договорот со „црвените ѓаволи”.
Мегваер ќе стане најскап дефанзивец во светот, подобрувајќи го рекордот на Вирџил ван Дијк, кој минатата година премина од Саутемптон во Ливерпул за 85 милиони евра.
Минатата сезона, Мегваер играше во 32 натпревари за Лестер и постигна 3 гола