Прв случај на ебола во двомилионски град во Конго

Министерството за здравство на Конго го потврди првиот случај на зараза со ебола во градот Гома, каде што живеат околу два милиони луѓе.

Регионалниот главен град на источниот дел на Конго се граничи со Руанда, која се подготвува за евентуални случаи на нови заразени од појавата на епидемија на оваа болест пред речиси една година, објави АП.

Лицето кај кое е потврден ебола вирус е свештеник кој неодамна престојувал во градот Бутембо.

Како што додаде АП, во Конго имаше сериозна ескалација на епидемијата на ебола која избувна во август минатата година и е втората најсмртоносна епидемија на ебола досега забележана.

Повеќе од 1.600 луѓе починаа во источниот дел на Конго од избивањето на најновата епидемија, најчесто во делови од земјата во која постои прекумерен ризик од зараза и за здравствените работници.

Треба да знаете
Последни објави