Возач платил бензин со фалс денари

Полицијата го бара возачот кој вчера на бензинска пумпа во валандовското село Удово наполнил бензин во својот автомобил и платил со фалисфикувани 3.000 денари.

Според полицијата, вчера во 23.55 часот било пријавено во полиција дека на  бензинската пумпа во селото Удово, непознат возач со автомобил „пасат“ со прилепски регистарски ознаки, платил за полнење гориво со три фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави