Најмалку 22 лица загинаа при грмотевици на пазарот во пакистанскиот град Лесва, јави агенцијата „Анадолија“.
Меѓу жртвите имало деветмина членови на мисионерската муслиманска група Tableegi Jamaat, кои во тоа време биле во обиколка на локална џамија, како и членови на две воени единици.
Инцидентот се случил во градот Лесва во долината Нилам, позната туристичка дестинација, во близина на спорната граница меѓу Пакистан и Индија. Пазарот бил целосно уништен во бурното невреме.
Исто така, исчезнале неколку туристички возила кои биле однесени од надојдената вода создадена од обилните дождови кои довеле до поплави во регионот Азад Кашмир. Пакистанската армија се приклучи на локалните служби во операцијата за спасување.