Сѐ почесто слушаме за ситуации каде „психопати” напредуваат во кариерата, а стручните лица не велат дека е тоа само ваша заблуда или параноја.
Како да ги препознаеме и избегнеме таквите луѓе и нивното однесување? На сите овие прашања се обиде да одговори психијатарката Рената Шуман од Универзитетот Стеленбош во Кејптаун, Јужна Африка.
Според неа и нарцисите и психопатите користат разни стратегии за да напредуваат на работното место. Доколку работите со некој таков профил покрај себе, може и да не го насетите тоа сѐ дури не ве засегне и вас, па тоа да има и потешки последици.
Првостепени психопати
Тоа се луѓе без емоции. Нечујни се, а манипулативни… Не преземаат ризици и скоро и да немаат страв и анксиозност. Не чувствуваат вина или каење и често се одликуваат со асоцијални особини, но интелигентни се, и знаат вешто да одглумат друштвена личност.
Ако вашиот шеф или колега постојано говори за лична корист, а се чини дека не покажува емоционална чувствителност кон другите, многу е веројатно дека крај себе имате „класичен психопат”, смета д-р Шуман.
Второстепени психопати
Тие се емоционално нестабилни и, иако имаат потенцијал и за криминално однесување, најчесто ќе ги најдете в канцеларија. Меѓутоа, за разлика од примарните психопати, секундарните се дезорганизирани и често преземаат ризични одлуки.
Овие лица се импулсивни, темпераментни, анксиозни, непријателски расположени, па дури и агресивни и самодеструктивни.
Темпераментни психопати
Тие чезнеат за возбуда и имаат ниска толеранција за здодевноста. Често ги привлекуваат опасни спортови и активности. Овој архетип е познат и како „вжештена глава”. Претежно се работи за мажи и честопати се агресивни, импулсивни и насилни.
Харизматични психопати
Дали вашиот шеф или колега / колешка е шармантен/-на и тој шарм го користи за без напор да манипулира со другите? – Покрај својот шарм, харизматичните психопати се неодоливи патолошки лажговци. Можат да наговорат скоро секого на сѐ.
Според писанието „Харвард бизнис ривју”, главна причина за нивната привлечност е тоа што себеси, но и на другите им овозможува да ги прикријат своите недостатоци асоцијални тенденции.
Егоцентрично-импулсивни психопати
Ги избегнуваат правилата, манипулираат и лажат заради лична корист. Немаат долгорочна цел и се одликуваат со макијавелистичка егоцентричност. Нарцисоидни се и го гледаат светот како непријателско место, а себе како невина жртва на околностите, што често води кон тенденција да ја оправдуваат својата агресивност и да ги обвинуваат другите за своите проблеми или неуспеси.