Волонтери од Црвен крст им делат вода на посетителите во античка Олимпија и Акропол

Поради високите температури и неможноста да се снабдат со вода или освежителни пијалоци, бидејќи продавницата е затворена веќе четири години, во изминатите денови посетители се онесвестиле во музејот и археолшкиот локалитет на античка Олимпија, соопштуваат од Министерството за култура на Грција и додаваат дека од тие причини волонтери од Црвениот крст им делат флаширана вода на туристите.

-Претседателот на Црвениот крст, Андониос Авгеринос, одговори на барањето на министерката за култура Мендони и испрати волонтери кои им делеа флаширана вода на посетителите. Министерката длабоко му се заблагодарува на господинот Авгеринос за подготвеноста и брзината со која придонесе во привремено решавање на проблемот. Веќе почнаа напори за решавање на слични проблеми во сите археолошки локалитети, соопштуваат од Министерството за култура на Грција.

Министерството започна со низа активности за да им излезат во пресрет на туристите што ги посетуваат археолошките локалитети во земјата, особено во текот на летото и поради високите температури, а од минатата седмица на Акропол има лекар, болничар и брза помош, додека пак велосипедисти со опрема од Црвениот крст секој вторник, четврток и за време на викендите делат вода за туристите, јави дописничката на МИА од Атина.

Треба да знаете
Последни објави