Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ја прифати поканата на македонскиот премиер Зоран Заев да ја посети нашата земја.
На прашањето , дали го видел јавниот повик на премиерот Заев да ја посети Македонија, бранителот на титулата на Вимблдон изјавил дека го видел повикот и дека го прифаќа.
„Не знам кога ќе се случи тоа, но сигурно ќе дојдам во Македонија затоа што морам да го видам Охрид“, изјави најдобриот тенисер на светот.
На прес-конференцијата после освоената титула на Вимблдон вчера, Ѓоковиќ ја поздрави Македонија и Скопје и се пошегува дека неговиот кум Невен не е моментално тука за повторно да запеат некоја македонска песна. Српскиот тенисер порача дека повторно ќе пее македонски песни поради неговите навивачи од Македонија.