Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на Берово Звонко Пеќевски, денеска во Берово го означија почетокот на реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Брегалница, во вкупен износ од 20 милиони денари.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека средствата за реализација на проектот се обезбедени од повеќе извори. Шест милиони денари се од Буџетот на Министерството, од програмата за рамномерен регионален развој и еден милион денари се обезбедени од општината, а другите средства се од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија и 15 насто кофинансирање од буџетот на Министерството.
–
,,Седум милиони денари ќе бидат искористени за уредување на ќејот со комплетна урбана опрема за пешачка и велосипетска патека, со што граѓаните на Берово, но и туристите кои што престојуваат овде, ќе добијат нов, уреден и опремен простор за рекреација. Паралелно ќе се работи и на уредување на речното корито, со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија со Бугарија, во износ од 12,3 милиони денари”, рече Милевски.
Министерот за локална самоуправа Милевски истакна дека владата ги има дуплирано буџетските средства за рамномерен регионален развој од 3,5 милиони евра во 2017 на 7 милиони евра во 2019 година, а Министерството за локална самоуправа во наредниот период ќе работи со зголемена динамика на нормативната рамка и на нова Стратегија.
,,Овој проект е пример дека ако се има идеја и ако си подготвен, средства ќе се обезбедат. Во наредниот период ќе напаравам максимални напори Центрите за развој и општините подготвено да можат да аплицираат и максимално да ги искористиме средствата од предпристапните фондови на Европската Унија. Средствата во буџетот се значаен извор за финансисарање на проектите за рамномерен регионален развој, но не треба да бидат и единствен. Нашите амбиции за побрза интеграција во Европската Унија ќе ги оправдаме и на овој начин”, рече Милевски.