Орце Камчев бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески Кичеец – дознава Лидер од извори на истрагата.
Според извори на Лидер, бизнисменот го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за поблага пресуда.
Јовановски и Милески, успеале да му извлечат 1.5 милиони евра, а порталот Лидер објавува дека во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуникација и блиски односи.