Полицијата вечерва го донесе Боки 13 во Кривичниот суд Скопје каде пред истражен судија ќе дава исказ за случајот по пријавата на ОЈО по што судија на претходна постапка ќе одлучи дали за него ќе има притвор или не.
Како што изјавија денеска од ОЈО, Боки 13 и Зоран Милески Кичеец изнудиле 1,5 милион евра од бизнисмен од кога барале 8 милиони за да влијаат преку обвинител во предметот за кој се водела постапка против него.
Првоосомничениот или Боки 13, се товари и за перење пари, а парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека.
Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.
(Фото: Слободен печат)