„Гол-машината“ Халанд проработи во дресот на Манчестер сити

Љубителите на фудбалот во САД можат да уживаат во фудбалските мајстории на екипите од Европа кои се на подготвителна турнеја „преку барата“. Покрај традиционалното „Ел Класико“ кое го одиграа Барселона и Реал Мадрид (1:0) силите со новите играчи во тимовите си ги одмерија и англискиот и германскиот порвак Манчестер сити и Баерн Минхен, како и премиерлигашите Арсенал и Челзи. Победи забележаа Манчестер сити (1:0) и Арсенал (4:0)

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити со погодокот на новата инвестиција Ерлинг Халанд на кого му беа потребни само 12 минути за дебитантски гол во дресот на „граѓаните“ го совлада Барен. Овој натпревар доцнеше поради невреме во Грин Беј, а потоа по погодокот на „гол-машината“ Халанд повторно беше прекинат околу 30 минути. По враќањето на теренот, секое полувреме се играше по 40 минути.

Во англиската пресметка Арсенал се претстави во ново светло најавувајќи враќање на победничките патеки. „Топчиите“ од Лондон го растурија градскиот ривал Челзи со 4:0. Стрелци на головите беа Габриел Жесус во 15. минута, Мартин Одегард во 36, Сака во 66 и Локонга во 90+ минута.

Треба да знаете
Последни објави