Голем пожар избувна синоќа, околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти полицијата.
Во тек е гаснење на огнот, а илјадници луѓе се евакуирани.
Како што изјави портпаролката на полициската управа на личко-сењската жупанија, Маја Брозичевиќ, евакуирани се околу 10.000 лица, бидејќи на местото кадешто зафатил пожарот се одржувал Фреш Ајланд фестивал.
Пожарот го гаснат три авиони и голем број пожарникари. Силната бура го отежнува гаснењето на огнот, кој се проширил до патот Новаља – Паг.