(Видео) Барселона со мајсторски погодок на новата ѕвезда го совлада Реал Мадрид

Барселона минимално со 1:0 го победи вечниот ривал Реал Мадрид во пријателски „Ел Класико“ одигран на неутрален терен во Лас Вегас. Погодокот беше  мајсторско дело на новакот Рафиња во 27 минута, кога од 20-тина метри шутираше неодбранливо за Тибо Куртоа.

Рафиња е фудбалерот кој летово дојде на „Камп Ноу“ од Лидс и покажува дека ќе биде вистинско засилување. За прв пат во дресот на Барселона меч одигра и Роберт Левандовски кој неодамна дојде од Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави