Нивоата на реките низ земјава се околу нивото на просекот за јули, иако покажуваат одредени отстапувања.
Според денешните хидролошки мерења, Сатеска, Црн Дрим, Бабуна, Крива Река, Треска, Пчиња и Лепенец бележат нешто пониски вредности од просекот, а повисоки нивоа има кај Вардар, Брегалница, Струмица, Црна кај Новаци и Струмица.
И нивоата на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско се речиси во рамки на просекот.