Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вели рече дека Вашингтон е секогаш добредојден да продолжи со преговорите со Техеран, но прво мора повторно да ги укине санкциите,пренесува Ен-би-си.
„Штом овие санкции се укинат, тогаш собата за преговори е широко отворена. САД ја напуштија преговарачката маса и секогаш се добредојдени да се вратат”, вели Зариф, кој моментно е во Њујорк на конференција на ОН. “”.
Тој истакна дека Трамп продолжува да зборува за наводните нуклеарни аспирации на Техеран, но посочи дека Иран одамна ја напуштил својата програма за нуклеарно оружје .
!Да бевме заинтересирани за развој на нуклеарно оружје, можевме да го направиме тоа многу одамна”, рече тој.
Коментирајќи во врска со неодамнешната ескалација на тензиите меѓу двете земји, за кои многумина стравуваат дека би можеле да доведат до сеопфатна војна, Зариф ја минимизираше можноста од вооружен конфликт.
„Не верувам дека Трамп сака војна, но верувам дека околу него има луѓе на кои војната нема да им пречи. Јас не мислам дека тие ќе успеат, бидејќи на крајот на краиштата, мислам дека ќе преовлада внимателноста. Луѓето знаат дека Иран е голема, горда земја и нема лесно да примиме воен удар”, рече Зариф.
Коментирајќи што очекува од можните идни преговори, Зариф рече дека треба да се најде ситуација во која сите ќе бидат победници, како и во сите други преговори.
„Во спротивно ќе се најдеме во ситуација во која сите ќе изгубат”, рече тој.