Во ерата на модерните врски и онлајн запознавања, тешко е да се најде љубовна приказна која искрено го топи срцето и ја загрева душата.Но, одвреме – навреме медиумите пренесуваат некоја приказна која што буди надеж дека вистинската љубов сè уште постои.
Таква е приказната за Херберт Делаигле (94) и Мерилин Френсис Делаигле (88). Двојката починала во ист ден по 71 година брак.
Нивната љубовна приказна започнала пред 72 години во едно кафуле. На Хербер му требало долго време да собере храброст и да ја праша да излезе со него. Една година подоцна ја побарал за жена. Мерилин поминала шест години во Германија со нејзиниот сопруг кој служел во Армијата за време на Втората светска војна. Херберт ДеЛиг, исто така, работел во Кореја и Виетнам и се пензионирал од Армијата по 22 години стаж.
Тие имаат шест деца, 16 внуци, 25 правнуци и тројца пра-правнуци.