Од СЈО пред малку соопштија дека денеска во 14.30 часот ќе биде одржана прес конференција, но се известуваат кој ќе се обрати пред медиумите.
„Денес, со почеток во 14 часот и 30 минути, во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе се одржи прес – конференција“, соопштија од таму.
Пресот следи откако специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, поднесе оставка, а нејзиното име се споменува и во истрагата што вчера ја отвори Јавното обвинителство за трговија со влијание и перење пари, во која осомничени се менаџерот на 1ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.