Јанакиевски прекина со штрајкот со глад

Миле Јанакиески го прекина штрајкот со глад. Прекинот на штрајкот доаѓа по препорака на лекарски тим кој по прегледот го советувал дека треба да прекине со штрајкот поради здравствени причини. Јанакиески штрајкуваше со глас две недели откако беше вратен во притвор како осомничен во истрагата што неодамна ја отвори Јавното обвинителство за продажба на државно градежно земјиште, со што беше опфатено и земјиштето каде требаше да се подигнат шпанските скали. Минатаат недела тој беше пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде што му беше укажано дека медицинскиот третман ќе го добива исклучиво во Шуто Оризари.

 

Треба да знаете
Последни објави