Премиерот Зоран Заев денеска во интервју за МИА ги повика сите поканети, меѓу кои и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да присустува на лидерската средба, која ја закажа за в петок.
Мицоски денеска на прес-конференција рече дека не гледа причина да учествува на лидерската средба, доколку на неа не се се разговара за предвремени избори.
Заев истакна дека веќе ги номинирал темите, оти е отворен и за други теми, да бидат предложени од политичките партии.
-Да не гледаш причини зошто да дојдеш на лидерска средба каде што ќе се зборува за ЈО, а зборуваш за владеење на правото, борба против криминалот и корупцијата, го кажува сосема спротивното. Тој не е за владеење на правото и за борба против криминалот и корупцијата. Ние докажуваме неприкосновеност во самостојноста на независните органи како што е ЈО и правосудството. Тоа се случува, тоа е наше секојдневие. Не гледам зошто тој не би гледал причина конечно да организираме попис во нашата земја заради тоа што неговата политичка партија додека беше на власт ја направи нашата земја да биде една од ретките заедно со Сомалија и незнам кои, да нема попис, нагласи Заев.