Седумчлено босанско семејство затруено од полнети пиперки

Седум лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Сараево под сомневање дека се затруени од храна односно од полнети пиперки и лубеници.

Нивната здравствена состојба е стабилна откако самите се пријавиле во болницата, жалејќи се на стомачни проблеми, пишува весникот „Дневни аваз“.

„Информирани сме дека седуммина членови на едно семејство побарале медицинска помош во Клиниката за инфективни болести со симптоми на интоксикација со храна. Во овие моменти, не можеме да зборуваме за можната причина за инфекцијата“, соопштиле од Кантонската администрација за инспекциски работи.

 

Треба да знаете
Последни објави