Австриската полиција го откри лицето кое минатата недела праќаше писма во кои се наоѓаше опасна супстанциија, поради кои Министерството за внатрешни работи им испрати предупредување на парламентот и политичарите за опасните пратки.
Триесет и деветгодишен граѓанин на Бургенланд признал дека испратил писма со хемиска супстанција, но не сакал да го открие својот мотив.
Полицијата поднесе кривична пријава против него и тој е пуштен на слобода.
Со недели, тој на компаниите им испраќал писма со хемиска супстанција што предизвикува реакции на кожата.
“Сé уште не е јасно какви намери имал со неговите писма”, рече полковникот Хелмут Марбан.
Полицијата му влегла во трага на осомничениот преку поштата во која ги предавал писмата.
Тој, како што тврдеше полицијата, направил грешка, но чуварите на редот не ја откриваат.