Санкции поради недолично скандирање на двете навивачки групи за време на синоќешниот натпревар на стадионот „Максимир” им се заканува на македонскиот шампион Шкупи и хрватскиот првак Динамо Загреб, јавија денеска хрватските медиуми.
Според истите извори, за време на дуелот меѓу домаќинот Динамо и Шкупи (2-2) одигран во Загреб во рамки на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони, навивачите на двете екипи скандирале „Убиј го Србинот”.
Поради таквото однесување на навивачите, УЕФА најверојатно ќе ги казни Динамо и Шкупи, пренесува порталот „Индекс.хр”.
Реваншот е закажан за идниот вторник во Скопје.