Околу 35 лидери на африкански држави досега официјално го потврдиле своето учество на самитот Русија-Африка и се очекува да се пријават уште повеќе учесници, вели рускиот председателски пратеник за Блискиот Исток и Африка и заменик-министер за надворешни работи наРусија, Михаил Богданов, пренесува ТАСС.
„Речиси сите сакаат да присуствуваат. Околу 35 лидери официјално го потврдија своео учество. Верувам дека ќе дојдат најмалку 40 лидери, а бројот на учесниц] ќе расте. Ја чувствуваме посветеноста на нашите партнери и нивниот интерес,” вели тој.
Според Богданов, самитот Русија-Африка може да се одржува на секои две или три години.
„Тоа не е еднократен настан, туку почеток на долг пат и би сакале да продолжиме со него на секои две до три години. Се разбира, местото ќе се смени”, посочи тој.
Првиот самит Русија-Африка треба да се одржи во рускиот град на Црното Море, Сочи, на 24 октомври 2019 година. На форумот ќе копретседаваат претседателите на Русија и на Египет, Владимир Путин и Абдел Фатх ал-Сиси, кој го држи претседателството со Африканската унија во 2019 година.
На самитот му претходеше серија настани. На 20-21 јуни, Москва беше домаќин на економската конференција Русија-Африка, по што следеше парламентарна конференција на Русија и Африка на 3 јули.