Адеми: Не го потценивме Шкупи, но и не бевме на потребното ниво

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, кој е македонски репрезентативец, не е задоволен од ремито со Шкупи (2:2) на „Максимир“. Тој постигна гол, но Динамо резултатски не ја оправда фаворитската улога.

„Имавме контрола на играта и многу добри можности, но имавме и грешки кои не чинеа многу скапо. Мора да биде многу подобри и се надевам дека ќе биде така против Славен Белупо, а потоа ќе одиме во Скопје да бараме пласман понатаму во ЛШ. Секако дека немаше потценување. Првите 15-20 минути игравме одлично. Промашив шут, па потоа паднавме во некаква криза и несмасно го примивме тој гол. Се вративме, а на крајот повторно направивме грешка. Тоа е фудбалот, мора да бидеш сконцентриран сите 90 минути“, изјави Адеми.

Треба да знаете
Последни објави