Полицијата во Тенеси, област во истоимената американска сојузна држава, побара од населението да не фрла дрога во ВЦ шолјите, бидејќи на тој начин патките, гуските, но и алигаторите можат да станат опасни за околината.
Предупредувањето било издадено изминатиот викенд по пребарување во домот на еден осомничен кој се обидел брзо да се ослободи од метамфетаминот кој го поседувал, со истурање во тоалетната школка.
„Ве молиме, не фрлајте дрога во ВЦ школките“, порача полицијата од гратчето Лорета на својот твитер-профил.
„Кога фрлате некои работи во канализација, мора да знаете дека тие, пред да се вратат во реките, завршуваат во нашите вештачки езера. Патките, гуските и други птици најчесто ги користат овие езера и стравуваме како овие животни би се однесувале кога би се наголтале метамфетамини. Поради ова, во реките наскоро би можеле да имаме и издрогирани алигатори“, се наведува во соопштението.
Полициското предупредување од Лорета ги поттикна корисниците на социјалните мрежи на бројни хумористични коментари.