Досегашниот фудбалер на англискиот шампион Манчестер сити, Олександр Зинченко (25) ќе ја продолжи кариерата во лондонски Арсенал, објавија британските медиуми.
Украинскиот репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор со „Топчиите”, кои за неговите услуги ќе платат 35 милиони евра.
Зинченко ги договори личните услови со Арсенал и преостанува уште да ги заврши медицинските прегледи.
Украинецот во Манчестер сити дојде од Уфа во 2016 година и една сезона мина на позајмица во ПСВ.
Арсенал во Зинченко го добива петтото засилување за новата сезона, откако во премиерлигашот од северен Лондон летово дојдоа напаѓачите Маркињос и Габриел Жезус, играчот за врска Фабио Виера и голманот Мат Тарнер.