Младинската женска репрезентацијата на Северна Македонија претрпе пораз од Швајцарија, со резултат 34:22, во второто коло од ЕХФ W19 2019 Шампионат во Литванија.
Почетокот на натпреварот почна израмнето за двете репрезентации, а потоа ракометарките на Швајцарија наметнаа силно темпо на игра и на полвреме да заминат со седум погодоци предност, 19:12.
Во второто полувреме нашата репрезентација не успеа да стигне до изненадување и натпреварот заврши 34:22 во корист за Швајцарија.
Следен натпревар на Северна Македонија е утре во 18:00 часот, а нејзин противник е домаќинот Литванија.