Манчестер јунајтед го порази Лидс со убедлив резултат 4:0, на пријателскиот натпревар одигран во Кина.
Стрелци на головите се Гринвуд, Рашфорд, Џонс и Мартијал, но тоа што беше забележано од спортските медиуми, беше отсуството на Лукаку на теренот.
Ова е втор натпревар што го пропушта белгискиот репрезентативец по тој во сабота против Перт Глори, кој „ѓаволите” го добија со 2:0.
Оваа вест само ги потврдува тврдењата дека неговиот трансфер во Интер е се поблиску, особено сега кога италијанскиот клуб испратил нова понуда за Лукаку.