Постигнувањето компромис со Иран е најдобар начин земјата да се спречи да развива нуклеарно оружје, изјави британската премиерка Тереза Меј.
Во последниот долг говор пред повлекувањето од функцијата што треба да се случи следната недела, Меј оцени дека нуклеарниот договор мора да биде заштитен, пренесе „Ројтерс“.
„Без разлика дали нам тоа ни се допаѓа или не, компромисот останува најдобриот начин да дојдеме до она кон кое сите тежнееме, а тоа е да го спречиме Иран да развива нуклеарно оружје и да ја сочуваме стабилноста во регионот“, истакна Меј.