Еден човек од американската држава Флорида, наводно му го отсекол пенисот на човекот за кого се сомнева дека е љубовник на неговата сопруга, пишува USA Today. Канцеларијата на шерифот на округот Гилхрист во Флорида во неделата го уапсила Алекс Бонила (49) осомничен за извршување на гореспоменатиот криминал.
Бонила се товари дека провалил во куќата на човекот и со закана од пиштол го врзал, а потоа го унаказил. Неименуваната жртва по нападот е префрлен во блиската болница и е стабилен. Нападниот им рекол на полицајците дека Бонила од местото на злосторството побегнал со неговиот пенис.
Бонила бил уапсен неколку часа подоцна. Од канцеларијата на шерифот соопштија дека го претресуваат целиот регион и не нашле докази за кривичното дело, па ниту пенисот.
Полицијата се уште не рекла што е мотивот, но Бонила рекол дека жртвата ја фатил во кревет со неговата сопруга во мај годинава.
Според полицискиот извештај, две деца биле во домот на жртвата во времето на нападот.