Македонскиот фудбалски шампион Шкупи утревечер (21 ч.) во Загреб го продолжува патот во квалификациите од Лигата на шампионите. На „Максимир“ Шкупи ќе му излезе на мегдан на повеќекратниот хрватаски првак Динамо Загреб. Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, во минатото го носеше дресот на хрватскиот клуб. Сепак, сега е на клупата на Шкупи и вели дека неговиот тим е максимално мотивиран за успех.
-Имам многу спомени со тимот на Динамо Загреб како поранешен фудбалер на оваа екипа, од овој стадион Максимир. Но, сега сум тренер на Шкупи и мојот тим е максимално мотивиран да одигра добар меч против силниот ривал. Динамо Загреб е квалитетен тим, тие се дефинитивно фаворити, играат отворен фудбал, затоа мора да бидеме внимателни. Но, нема да се предадеме лесно, ќе го дадеме максимумот за да стигнеме до позитивен резултат, изјави Гоце Седлоски на вечерашната прес-конференција.