СДСМ наместо да испраќа паушални соопштенија каде што ништо не кажува, време е да одговори зошто нивниот аболициран шеф Зоран Заев ја штити Катица Јанева? Кои се Кики и Фрики во рекетарската приказна и дали се високи претставници на СДСМ? Заев е главниот промотор и заштитник на криминалот. СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите во Република Македонија. Јавното обвинителство мора да направи сериозна истрага и да утврди дали Зоран Заев учествувал во рекетирањето и колкав процент земал од рекетот.
СДСМ не спроведе ни Р од реформа. Единствената мерка која ја донесоа е криминалот, корупцијата, уцените, насилството, рекетарството и поткупот. Правдата во Македонија ќе се врати, тогаш кога Заев и СДСМ ќе си заминат. Законите мора да важат подеднакво пред сите.